домаМакедонијаПротест пред Министерството за животна средина: Активистите бараат построги услови за новата...

Протест пред Министерството за животна средина: Активистите бараат построги услови за новата дозвола на „Усје“

- Advertisement -spot_img

Еколошките активисти од граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“, заедно со граѓани, вечерва одржаа протест пред Министерството за животна средина и просторно планирање, барајќи при одлучувањето за обновување на А-интегрираната дозвола на Цементарницата „Усје“ да се применат европски еколошки стандарди.

Учесниците на протестот, кои и претходно организираа собири поради загадувањето на воздухот, порачаа дека здравјето на граѓаните мора да има предност пред економските интереси. Тие носеа транспаренти со пораки „Не за нова дозвола по стари правила“, „Здравје пред профит“ и „Скопје на народот, не на индустријата“.

Барањето за обновување на дозволата беше објавено на 22 мај на веб-страницата на Министерството и доставено до Општина Кисела Вода и Град Скопје. По неговото објавување започна едномесечен рок во кој граѓаните и институциите можеа да извршат увид и да достават забелешки.

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа неодамна изјави дека рокот за поднесување забелешки трае до 22 јуни, а јавна расправа за случајот е планирана во првата недела од јули.

Според него, иако постапката се води според актуелната законска регулатива, дозволата ќе биде усогласена со новиот Закон за контрола на индустриските емисии, кој предвидува значително построги еколошки стандарди и треба да почне да се применува од септември следната година.

Хоџа посочи дека сите оператори кои поседуваат А-интегрирани дозволи во иднина ќе мора да ги исполнуваат новите критериуми за заштита на животната средина, а по 2027 година ќе следува ревизија на сите постојни дозволи.

Министерството паралелно работи и на воспоставување регистар на индустриски капацитети со А-интегрирани дозволи. Според најавите, компаниите ќе имаат обврска редовно да доставуваат податоци од мерењата, кои ќе бидат јавно објавувани на веб-страницата на Министерството.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img