домаМакедонијаПоследното јавување било од Скопје: Каде исчезна Бети од Тетово со пет...

Последното јавување било од Скопје: Каде исчезна Бети од Тетово со пет торби и 140.000 евра?

- Advertisement -spot_img

Минатиот месец се навршија 19 години од мистериозното исчезнување на младата Бети Грнчаровска од Тетово, случај кој своевремено ја вознемири земјата, а денес веќе паѓа во заборав од пошироката јавност.

Вистината околу тоа што се случи со 38-годишната жена, која со пет торби заминала од дома, а една од торбите била полна со пари, со околу 140.000 евра, бидејќи претходно го продала дуќанот во Тетово и решила да започне нов живот во Сплит, се уште не се дозна.

Пред да замине ноќта, таа на мајка и Ратка Колева и кажала дека пријател од Тетово ќе ја чека во Скопје и заминала со такси. Не сакала до таму да ја испратат мајка и и брат и, и им кажала дека не сака поздравувања. Потоа се јавила дома и кажала дека пристигнала во Скопје.

Таксистот ја оставил пред трговскиот центар Беверли Хилс. Таа ноќ Бети последен пат се слушнала со мајка и. Пријателот пак, со кого требало да се сретне во Скопје, и заедно да заминат во Хрватска, тврдел дека немале таков договор и ништо не знаел за нејзиното исчезнување.

Пред камери, уште пред петнаесеттина години, мајката раскажуваше дека Бети била решена да успее во Хрватска, му кажувала на брат и дека и него ќе го земе таму.

Имала планови за иднината, и мајката кажуваше дека е сигурна како Бети е киднапирана. Тогаш, од страна на надлежните институции, одговорот за случајот беше дека истрагата е во тек. Но, до денес исчезнувањето на младата жена остана мистерија.

Нејзината фотографија и лични податоци се објавени на страницата за исчезнати лица при МВР: Бети Грнчаровска родена 21.01.1968 година во Тетово каде и живеела. Опис: висока 175см., црна коса, протеза на заби. Исчезната на 12.08.2007г. во Скопје, пишува на страницата, а неизвесноста за судбината на Бети до денес останува отворена рана за нејзините блиски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img