домаМакедонијаПосетата на Кина по една деценија отвора ново поглавје во соработката, истакна...

Посетата на Кина по една деценија отвора ново поглавје во соработката, истакна Стоилковиќ

- Advertisement -spot_img

Посетата на Кина по речиси една деценија претставува можност за отворање ново поглавје во односите меѓу Македонија и Кина, изјави вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ за кинеската медиумска мрежа ЦГТН.

Стоилковиќ престојуваше во Џинан, во покраината Шандонг, каде учествуваше на Седмиот состанок на локалните лидери на Кина и земјите од Централна и Источна Европа, како и на Форумот за меѓународна соработка на градови-пријатели.

Тој оцени дека Кина има значајна улога во светската историја и современиот развој, посочувајќи дека нејзините достигнувања во науката и технологијата во изминатите две децении предизвикуваат голема почит и восхит.

– Народот на Македонија со внимание ги следи достигнувањата на Кина, особено во областа на науката, технологијата и економскиот развој – истакна Стоилковиќ.

Говорејќи од Шандонг, родното место на Конфучие, тој се осврна и на неговата филозофија, нагласувајќи дека вистинскиот напредок се постигнува преку меѓусебна поддршка и соработка.

Според Стоилковиќ, развојот на Кина не носи придобивки само за кинескиот народ, туку претставува и пример за споделување искуства и заеднички напредок со другите држави.

Тој додаде дека Македонија очекува преку продлабочување на соработката со Кина да реализира нови развојни проекти и економски можности од заемен интерес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img