Кратовец и струмичанец уапсени, бидејќи при претрес во нивните домови била пронајдена марихуана.
Од МВР информираат дека вчера во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода С.П.(28) од Кратово.
При претрес во неговиот дом во Кратово, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исто така, синоќа во 22:55 во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.М.(48) од Струмица.
При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба била пронајдена марихуана.
Известен бил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.






