Home » Подобри плати наместо замрзнати цени на храната – порачуваат експертите од Светска банка

Подобри плати наместо замрзнати цени на храната – порачуваат експертите од Светска банка

by Журнал.мк

Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата – порачаа денеска експертите од Светска банка.

Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се обезбедат подобро платени работни места, да се зголеми конкуренцијата во малопродажниот сектор и да се произведува повеќе храна дома, отколку што се увезува.

-И покрај тоа замрзнувањето на цените помогна да се одржи животниот стандард на населението во Северна Македонија, особено при поинтензивните поскапувања, тоа не е мерка која може да се користи на долг рок. Во тој случај би требало да преминете на некои структурни мерки кои би можеле да го подобрат стандардот. Една од тие е обезбедување поквалитетни и повисоко платени работни места, рече економистот Јоана Маџоска, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на редовниот Економски извештај за Западен Балкан.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More