домаМакедонијаПочина проф. д-р Денко Скаловски – истакнат македонски филозоф и долгогодишен професор...

Почина проф. д-р Денко Скаловски – истакнат македонски филозоф и долгогодишен професор на Филозофскиот факултет

- Advertisement -spot_img

Почина проф. д-р Денко Скаловски, редовен професор во пензија на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој со децении остави значаен белег во развојот на филозофската мисла, наставата и научноистражувачката работа во Македонија.

Денко Скаловски е роден во 1956 година во Скопје. Неговиот академски пат започнал со студии по театарска режија во Белград, по што се насочил кон филозофијата, студирајќи најпрво на Филозофскиот факултет во Белград, а дипломирајќи на Филозофскиот факултет во Скопје во 1981 година.

Во 1992 година магистрирал со трудот „Етиката на одговорноста кај Ханс Јонас“, а во 2000 година ја одбранил докторската дисертација „Антиподи на современата филозофија на музиката“, со што го заокружил своето научно усовршување.

Истата година бил избран за доцент, а во 2010 година станал редовен професор. Во текот на својата академска кариера двапати престојувал на постдокторски студии на Универзитетот „Јохан Волфганг Гете“ во Франкфурт на Мајна, во 2010 и 2015 година, каде работел под менторство на еден од најпознатите современи германски филозофи, проф. Аксел Хонет.

Неговите научни интереси беа исклучително широки и опфаќаа филозофија, филозофија на родот, филозофија на културата, естетика, историја на родот и полот, како и социологија на спортот. Преку своите предавања, научни трудови и истражувања придонесе кон развојот на овие дисциплини и остави трајно влијание врз бројни генерации студенти и истражувачи.

Од Филозофскиот факултет упатија искрено сочувство до неговото семејство, колегите, пријателите, студентите и сите кои имаа можност да соработуваат и да учат од него.

Телото на проф. д-р Денко Скаловски ќе биде изложено на 9 јули во капелата во Ѓорче Петров, од 12:00 до 13:00 часот, по што во 13:00 часот ќе се одржи погребот.

Со неговото заминување, македонската академска заедница губи истакнат професор, научник и интелектуалец, чие дело ќе продолжи да живее преку неговите истражувања, публикации и генерациите студенти што ги образуваше.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img