Тело на жена од Македонија било извлечено без знаци на живот од морето во областа Неа Каликратија, на Халкидики.
Како што јавуваат грчките медиуми, станува збор за 75-годишна државјанка на Северна Македонија. По интервенцијата, таа била преземена од екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Здравствениот центар во Неа Муданија, каде што лекарите констатирале смрт.
По наредба на надлежните органи, ќе биде извршена и обдукција за утврдување на причините за смртта.








