домаХроникаНесреќа на Шар Планина: Три девојки излетале со четирицикл, една е тешко...

Несреќа на Шар Планина: Три девојки излетале со четирицикл, една е тешко повредена

- Advertisement -spot_img

Три млади девојки се повредени во несреќа со четирицикл што се случила на локалниот пат меѓу шарпланинските села Вејце и Селце, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, несреќата се случила на 17 јуни околу 13:00 часот, кога четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од 25-годишната Е.Т. од село Селце, излетал од коловозот.

Во несреќата, возачката се здобила со тешки телесни повреди, додека нејзините сопатнички, Е.Б. (18) и В.Т. (20), исто така од село Селце, се здобиле со телесни повреди.

На трите девојки им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, а увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Тетово.

Полицијата ги утврдува причините за несреќата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img