домаХроникаПобарана забрана за предавање и повеќе мерки на претпазливост за професорката која...

Побарана забрана за предавање и повеќе мерки на претпазливост за професорката која барала 300 евра од студент

- Advertisement -spot_img

Основното јавно обвинителство Штип поведе истражна постапка против 38-годишна доцентка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, осомничена за кривичното дело примање поткуп, а до судот достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за вршење работни активности на факултетот.

Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничената, жителка на Кочани, како лице кое врши работи од јавен интерес, директно за себе побарала парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши.

Според наводите во соопштението, на 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот, таа не му впишала дека не го положил ниту во индексот ниту во електронскиот систем, туку побарала 300 евра за да му впише преодна оценка.

ЈОРМ наведува дека на 29 јуни, во нејзината канцеларија, осомничената ги примила парите од студентот, откако му дала инструкции да ги остави на помошна маса меѓу скрипта и лист бела хартија, по што во индексот му впишала оценка шест.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување повеќе мерки на претпазливост, и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, обврска осомничената да се јавува во судот, привремено одземање на патната исправа, забрана за приближување и воспоставување или одржување контакти со студентот, како и забрана за вршење работни активности на факултетот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img