HomeМакедонијаПо успешната евакуација од Дубаи, во вторник се очекува уште еден авион...

По успешната евакуација од Дубаи, во вторник се очекува уште еден авион од Емиратите, се работи и на извлекување наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

- Advertisement -spot_img

По вчерашното евакуирање на 151 лице од Дубаи кои пристигнаа синоќа на Скопскиот аеродром, се очекува следен авион да има во вторник, со кој отприлика олкав број патници ќе пристигнат во државата. Третиот лет се планира за средината на неделата, но се уште се чека да се види дали ќе се зголеми интересот на македонските граѓани од ризичните подрачја, за да биде целосно искористен потенцијалот за извлекување што го организира државата.

Како што изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се работи и на евакуација на наши граѓани кои се во Бахреин, Катар и Кувајт. Тие ќе бидат однесени во Саудиска Арабија од каде се очекува во среда да бидат донесени со еден авион кој веројатно ќе мора да слета во Косово, но превозот до Скопје ќе биде организиран.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img