Професорот Златко Јаќевски, кој ја извршил обдукцијата на Ивана Стојаноска, на судење направи разлика меѓу повредите од падот и оние здобиени претходно. Дел од повредите на лицето биле стари околу една недела, додека подливите на вратот настанале непосредно пред смртта.
Тој изјави дека кај Ивана не било утврдено присуство на алкохол, дрога или седативи. Кај обвинетиот Стојанче Јовановски, пак, биле пронајдени кокаин и дијазепам во високи концентрации.
Докторката Ана Ивчева посочи дека повредите на брадата биле од стискање со прсти. Обвинетиот во исказот негирал насилство и не ги спомнал наводите за тепање. Судењето продолжува со завршни зборови закажани за 28 април.








