Марсијал пристигна на „Олд Трафорд“ пред девет години и досега настапи на 317 натпревари, а постигна 90 голови, но до крајот на сезоната нема да добие шанса кај тренерот Ерик Тен Хаг.
Французинот не ги оправда очекувањата на навивачите на „црвените ѓаволи“, па на лето ќе си бара нов ангажман, а веќе постои интерес од Турција и Франција.
Искусниот напаѓач со „црвените ѓаволи“ досега освои неколку титули, меѓу кои се Европа Лига, Лига Купот, англискиот Суперкуп и ФА-купот.