домаМакедонијаПленковиќ бара решавање на билатералните прашања пред Црна Гора да стане членка...

Пленковиќ бара решавање на билатералните прашања пред Црна Гора да стане членка на Европската Унија

- Advertisement -spot_img

Црна Гора е најсериозен кандидат за нова членка на Европската унија (ЕУ), но за да стане тоа треба да исполни неколку билатерални барања од Хрватска.

Истите на Самитот ЕУ-Западан Балкан во Тиват, Црна Гора, ги кажа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Имено Хрватска бара обесштетување на затворениците од поранешните логори, а земјата бара тоа правно да биде уредено со посебен билатерален договор.

Бара и решавање на имотно-правните барања на семејства од Хрватска, да се реши прашањето за спомен-плочата во поранешниот логор Морињ, како и сопственоста над училишниот брод „Јадран“, и да се утврди границата меѓу двете држави.

Исто така бара да се гонат воените злосторници, како и да се реши прашањето со потрагата по исчезнатите лица.

Хрватска очекува продолжување на “конструктивниот дијалог“ и видлив напредок во преговорите за сите овие прашања.

Барањата предизвика бурни реакции во Црна Гора, кои се оценуваат како ултиматуми, а не партнерски дијалог.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img