HomeМакедонијаПановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како...

Пановски: По сите основи сме далеку од здрава нација – обложувалница како главен “спорт“, а 70 посто од општеството на раб на сиромаштија

- Advertisement -spot_img

Јавното здравство е под притисок, а состојбата со менталното и социјалното здравје отвора сериозни дилеми за тоа дали воопшто може да се зборува за „здрава нација“. Професор д-р Никола Пановски вели дека ако се земе предвид дефиницијата на Светската здравствена организација, реалноста е далеку од идеалот.

„Ако го дефинираме здравјето како што го дефинира СЗО, тоа е малку утопистички – состојба на физичка, ментална и социјална благосостојба. По сите овие основи, ние сме далеку од здрава нација“, вели Пановски.

Тој посочува дека особено загрижува трендот кај менталното здравје, каде лековите за психички и невролошки заболувања бележат раст од околу 30 проценти годишно. Според него, промените во општеството се видливи и во секојдневната комуникација и однесување.

„Ако гледаме по социјалните мрежи, по Ковидот имаме нација која не е како што треба – многу мрзи, напаѓа, нема дискусија. Тоа го гледаме и во Собранието. Од физички аспект има големи разлики – дел спортуваат, но за мнозинството главен ‘спорт’ се обложувалници и коцкарници, а игралиштата низ Скопје се празни“, нагласува Пановски.

Дополнително, вели тој, социјалниот јаз е длабок и директно влијае врз општата благосостојба на населението.

„Имаме 1 процент енормно богати, мал дел висока средна класа, околу 20 проценти ниска средна класа и дури 70 проценти на работ на сиромаштија или сиромашни. По таа дефиниција, по сите основи, сме далеку од здрава нација“, додава Пановски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img