домаМакедонијаПаника и хаос во Бејрут, Иран се заканува поради израелските напади на...

Паника и хаос во Бејрут, Иран се заканува поради израелските напади на Либан

- Advertisement -spot_img

Во либанскиот главен град има сцени на хаос. Километарски редици и сообраќајни метежи се формирани на патиштата, додека жителите френетично се обидуваат да ги напуштат јужните предградија на Бејрут пред израелската армија да ги започне најавените воздушни напади.

Речиси идентични сцени беа видени во градот на почетокот на март, кога Израел ја започна својата последна офанзива против Хезболах. Потсетете се, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги нареди нападите врз Бејрут, прогласувајќи ги за „одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах“.

И покрај формално прогласеното прекин на огнот, Израел значително ја прошири својата воена офанзива во земјата во последните денови, а серија нови наредби за евакуација издадени од неговата армија сега опфаќаат околу 15 проценти од целата територија на Либан.

Сегашниот прекин на огнот што е во сила меѓу Иран и Соединетите Американски Држави е недвосмислено примирје што ги опфаќа сите фронтови, вклучително и оној во Либан, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.

Оваа остра реакција од Техеран дојде веднаш откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху издаде официјална наредба за започнување воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут, кои се контролирани од Хезболах.

„Кршење на прекинот на огнот на еден фронт е кршење на прекинот на огнот на сите фронтови. САД и Израел ќе бидат директно одговорни за сите последици од какво било кршење на договорот“, напиша Аракчи во објава на социјалната мрежа X.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img