домаСпортОвче Поле ги освои трите бодови во Карбинци, без голови на дербито...

Овче Поле ги освои трите бодови во Карбинци, без голови на дербито во Пирава, нема победник во Дојран

- Advertisement -spot_img

Натпреварите од 13. коло на Трета лига – Исток започнаа со едноминутен молк во знак на почит кон починатите од големата трагедија која се случи пред една година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кога во страотниот пожар животот го загубија 63 лица.

Вчера, беа одиграни три натпревари на Истокот, натпревар со пет погодоци одиграа Карбинци и Овче Поле, каде тимот од Свети Николе беше подобар со 2:3, со што трите бодови заминаа на контото на гостинскиот тим кој го напаѓа првото место.

Гостинската екипа стигна до предност од три погодоци, а домаќинот до крајот имаше сили да израмни на конечни 2:3 со гол од слободен удар и гол од белата точка.

Дербито во Пирава на кое имаше над 1.000 гледачи заврши без победник, но и без погодоци 0:0 на Ударник и Победа од Валандово, во натпреваро полн со шанси и неизвесности, а за комплетно уживање на публиката.

Немаше победник ниту на мечот во Дојран каде Дојранско Езеро и Малеш од Берово одиграа 2:2, гостинот во 92. минута се спаси од пораз, а домаќинот остана без цел „плен“, па бодовите мораа да се поделат.

Во оваа коло слободни беа екипите на Тиверија, Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево.

Во однос на табелата сега е доста густо при самиот врв. И натаму Победа Валандово е непоразен лидер со 29 бодови, Овче Поле е втор со 28 бодови, а пак Ударни е трет со 26 бодови, но мора да се напомене дека Победа Валандово има меч помалку од овие две екипи. На четвртото место со 22 бодови е Хоризонт Турново, но и поранешниот прволигаш има меч помалку.

Продолжува трката за првото место кое води кон баражот за можен влез во Втора лига.

Александар Ванев, М-Нет

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img