Културниот и информативен центар (КИЦ) кој од оваа година започнува да го организира битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2026 година и кое по 18-ти пат ќе се одржи, денеска го објави јавниот повик за учество во програмата.
Предмет на јавниот повик е кофинансирање на манифестации и проекти од областа на културата ( музичка и музичко-сценска уметност, театар, ликовна уметност, видео, фото, филмска уметност, литература, фолклор, нови уметности и мултидисциплинарни проекти).
Активностите треба да се реализираат во периодот на одржување на БИТ ФЕСТ заклучно 31 август 2026 година.
Право на учество имаат заинтересираните физички и правни лица од областа на културата, здруженија на граѓани, владини организации и јавни установи од областа на културата со седиште во Битола.
Повикот трае од 11.05.2026 до 18.05.2026 година до 16:00 часот.
Повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/kic/








