HomeСветОтров за стаорци најден во тегла HiPP, Австрија повлече бебешка храна

Отров за стаорци најден во тегла HiPP, Австрија повлече бебешка храна

- Advertisement -spot_img

Австриските власти отворија истрага откако во тегла бебешка храна од брендот HiPP беше потврдено присуство на отров за стаорци, а компанијата и трговскиот синџир SPAR превентивно повлекоа производи од продажба во Австрија.

Случајот се однесува на тегла од 190 грама „морков со компир“, наменета за бебиња од пет месеци. Производот бил пријавен од купувач во покраината Бургенланд, по што бил предаден на полицијата. Според австриската полиција, теглата не била консумирана, а лабораториските анализи потврдиле присуство на отров за стаорци.

Истрагата засега се води како сомнеж за надворешна манипулација со производот. HiPP соопшти дека не може да се исклучи можноста опасна супстанција да била внесена во одредени тегли по производството, додека компанијата нагласува дека случајот не е поврзан со производствениот процес и внатрешните контроли за квалитет.

Полицијата во Бургенланд соопшти дека сомнителните тегли може да се препознаат по бела налепница со црвен круг на дното, оштетен или веќе отворен капак, недостиг на сигурносен вакуум-затворач или необичен, расипан мирис. Родителите и старателите се повикани да не отвораат и да не користат производи што изгледаат сомнително.

SPAR Австрија превентивно го повлече целиот асортиман на бебешки тегли HiPP од своите продавници, вклучително SPAR, EUROSPAR, INTERSPAR и Maximarkt. Купувачите можат да ги вратат производите и без фискална сметка, со поврат на парите.

Според австриските власти, слични означени тегли биле запленети и во Чешка и во Словачка, каде што првичните анализи покажале присуство на токсична супстанција. Чешките власти соопштија дека случајот се проверува, а тамошната полиција оцени дека нивото на ризик за јавноста засега не е високо.

Австриската агенција за здравје и безбедност на храната предупредува дека симптомите од ваков тип труење може да се појават со задоцнување од два до пет дена. Можни знаци се крвавење од непцата, крвавење од носот, модринки, крв во столицата, изразена слабост или бледило. Во таков случај, родителите треба веднаш да побараат лекарска помош и да информираат дека детето можеби консумирало сомнителен производ.

Истрагата е поврзана со информации од Германија, а австриските органи не објавуваат повеќе детали поради тековните полициски проверки.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img