домаМакедонијаОпштина Прилеп со акција против комарците – стартува теренска дезинсекција

Општина Прилеп со акција против комарците – стартува теренска дезинсекција

- Advertisement -spot_img

Се известуваат граѓаните на општина Прилеп дека на ден 14.05.2026 година (четврток) и 15.05.2026 година (петок), во периодот од 09:00 до 15:00 часот, на територијата на Општина Прилеп, екипи од Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведуваат првата фаза од ларвицидната теристичка (од земја) дезинсекција, со цел уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени водени површини, односно места каде што постојат идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се: фонтани, мини езерца, одводни канали, блата и мочуришта, делови по течението на градската река, делови од Дабничкиот канал, Селечка Река, областа Маркова Чешма, Поводеници, Вештачкото езеро, Волковските езерца, областа Ѓумушица, Сарика, како и водени површини во населените места Беровци, Кадино Село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало Коњари и Големо Коњари.
Во случај на неповолни временски услови, активностите ќе бидат одложени за следниот ден.

Општина Прилеп континуирано се грижи за здравјето и безбедноста на граѓаните и навремено ја заврши постапката за избор на фирма-изведувач за спроведување на превентивна дезинсекција и дератизација.
Во периодот од 06.04.2026 до 24.04.2026 година беше спроведена превентивна дератизација, додека првата фаза од ларвицидната дезинсекција беше одложена поради неповолните временски услови и врнежите од дожд.

Согласно годишната програма, за 2026 година предвидено е спроведување на:
-3 ларвицидни дезинсекции,
-3 адултицидни дезинсекции и
-2 дератизации на подземниот канализационен систем на градот, со посебен акцент на објектите од јавен интерес.
Целиот процес на спроведување на мерките ќе биде контролиран од страна на Центарот за јавно здравје – Прилеп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img