HomeМакедонијаОпштина Прилеп објави јавен повик за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за членови на Локалното собрание на млади

- Advertisement -spot_img

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во креирањето на локалните политики и во процесот на донесување одлуки што се однесуваат на младинската популација.


Повикот е распишан согласно одредбите од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско учество и младински политики. Според објавата, Локалното собрание на млади ќе биде составено од по еден делегат и еден заменик-делегат предложени од младински организации, ученички и студентски здруженија, политички подмладоци и други форми на младинско организирање.


Целта на ова тело е да обезбеди активен придонес на младите во подготовката на стратешки документи, учество во активности од локален интерес, како и избор на членови на Локалниот младински совет на Општина Прилеп.


За учество во повикот, заинтересираните организации треба да достават комплетна документација која вклучува образец за номинација, мотивациско писмо, биографија (CV) на кандидатите и годишен извештај за работата на организацијата.


Рокот за пријавување е до 19 февруари 2026 година, а изборот на членовите на Локалното собрание на млади ќе се врши со тајно гласање.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img