HomeМакедонијаОпштина Битола со Велигденска приказна: Базар за најмладите од градинките

Општина Битола со Велигденска приказна: Базар за најмладите од градинките

- Advertisement -spot_img

Битола – На 4 април (сабота), во Центарот за култура – Битола ќе се одржи велигденска авантура и донаторски настан во организација на Cosmic Development, со цел поддршка на битолските градинки.

Настанот ќе понуди ден исполнет со смеа, музика и многу игра, а за забавата ќе се погрижат омилените ликови Биби и Боби, кои ќе ја направат вселенската велигденска забава незаборавна за најмладите.

Програмата започнува во 11:00 часот со велигденски базар на изработки од децата од градинките, по што во 12:00 часот следува настап на дечињата од градинките, а потоа ќе се одржи забавата со Биби и Боби.

Картите за настанот се достапни на билетарата во Центарот за култура – Битола и онлајн, по цена од 200 денари.

„Заедно создаваме моменти што се паметат, но и значат нешто повеќе. Донаторски настан за нови креветчиња во битолските градинки“, велат организаторите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img