Вчера во 14:15 часот, во ОВР Гостивар од Медицинскиот центар Гостивар, било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице по пад од возило.
Како што се наведува во полицискиот билтен, по извршените проверки утврдено било дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар.
Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди.
Известен бил јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Гостивар.








