HomeМакедонијаОпштина Битола објави јавен повик за поддршка на млади спортисти од ранливи...

Општина Битола објави јавен повик за поддршка на млади спортисти од ранливи категории семејства

- Advertisement -spot_img

Општина Битола со средства од локалниот буџет ќе поддржи спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат деца од ранливи категории.

Од Општина Битола информираат дека за оваа активност обезбедени се 100.000 денари, а може да ја користат деца со попреченост и деца од семејства корисници на гарантирана минимална помош.

Евалуацијата на апликациите ќе ја врши посебна општинска комисија, а доделените средства ќе се мониторираат за секое дете посебно врз основа на месечен извештај од клубот со кој се потврдува најмалку 50 проценти учество на детето на тренинзи организирани од клубот. 

Јавниот повик е отворен до 13 март, до кога до Општина Битола родителите на деца од ранливи категории треба да достават комплетна документација, нагласуваат од тамошната локална самоуправа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img