HomeМакедонијаОпштина Битола формира комисија за опасни и запуштени објекти која ќе врши...

Општина Битола формира комисија за опасни и запуштени објекти која ќе врши мапирање на опасностите низ градот

- Advertisement -spot_img

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот.

Од Општина Битола очекуваат одговор од сопствениците и постапување согласно законите за градење и за локална самоуправа.

– Упативме писмено известување до сопствениците чии куќи претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од фасада, керамиди и други предмети врз јавна површина, односно коловоз, тротоар и слично. Очекуваме одговор на писмените обраќања, известувања до сопственици на 24 објекти, куќи на повеќе локации во Битола. Според теренските информации некои куќи се празни, сопствениците се иселени во странство или ги напуштиле, но безбедноста на граѓаните не смее да биде загрозена. Уверени сме дека може да се изврши подобро обезбедување, а сопствениците не смее да ги запоставуваат сопствените објекти, нагласија од локалната самоуправа.

Во Општина Битола формирана е комисија за утврдување на фактичка состојба на објекти куќи, а сопствениците имаат обврска согласно Закон за градење да преземат итни мерки да го означат објектот како опасен по безбедноста на граѓаните и учесници во сообраќајот, а доколку објектот е под заштита, тогаш интервенира Управата за заштита на културното наследство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img