9.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаОне Македонија и Ериксон со стратешко партнерство за изградба на првата самостојна...

Оне Македонија и Ериксон со стратешко партнерство за изградба на првата самостојна 5G мрежа во земјата

- Advertisement -spot_img

Скопје, 29 септември 2025 – Оне Македонија, подружница на групацијата 4iG, и Ериксон Телекомуникации Македонија потпишаа писмо за намера за соработка околу изградба на една од првите самостојни (SA) 5G мобилни мрежи во регионот.

Стратешкото партнерство предвидува планирање, дизајн, снабдување со опрема и распоредување на напредна 5G инфраструктура, целосно усогласена со европските безбедносни стандарди. Договорот е значаен чекор во намерата на Оне Македонија да се позиционира како водечки телекомуникациски оператор во земјата, а истовремено претставува потврда на долгорочната стратегија на 4iG за инвестирање во дигиталната трансформација на Западен Балкан.

„Ова партнерство не е само изградба на мобилна мрежа, туку градење доверба, транспарентност и дигитална иднина за Северна Македонија. Со овој договор сме еден чекор поблиску до испорака на 5G мрежа од светска класа,“ изјави Брано Ѓуровиќ, извршен директор на Оне Македонија.

Антонио Пасарела, раководител на одделот за Централна Европа и Северен Балкан во Ериксон, додаде: „Со комбинирање на нашата експертиза и амбицијата на Оне Македонија, поставуваме темели за безбеден и одржлив дигитален екосистем во земјата.“

План за развој

Според договорот, новата 5G мрежа ќе стартува со услуги во најмалку еден град до крајот на 2026 година, ќе се прошири по транспортните коридори до 2028 година, ќе ги опфати сите урбани средини до 2030 година и ќе обезбеди интернет брзини од најмалку 100 Mbps за секој граѓанин до 2032 година.

Оваа соработка доаѓа во пресрет на конечната одлука за националниот тендер за спектар, која се очекува во ноември.

Оне Македонија, како дел од 4iG – групација која работи во Унгарија, Албанија и Црна Гора – ќе ја користи поддршката и искуството на една од најбрзо растечките телекомуникациски компании во регионот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img