12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeЕкономијаОхридските занаетчии бараат помош - традицијата исчезнува пред очи

Охридските занаетчии бараат помош – традицијата исчезнува пред очи

- Advertisement -spot_img

Занаетчиите од Охрид бараат од институциите поголема поддршка за зачувување на традиционалните занаети. Велат дека без конкретни мерки  како субвенции, промотивни активности и ослободување од дел од даночните давачки – дел од занаетите ќе згаснат засекогаш.

Според нив, најголем проблем е што младите немаат економски мотив да продолжат со занаетчиството. Трошоците се големи, а заработката мала. Освен тоа, нема систем кој ќе овозможи пренесување на мајсторството на нови генерации преку школи, обуки или програми за ученички пракси.

Охридските занаетчии апелираат до Општина Охрид, Министерството за култура и стопанските комори да создадат заедничка стратегија за ревитализација на занаетчиството – преку организирање тематски настани, фестивали, едукативни програми и промоција на занаетите како дел од туристичката понуда.

Граѓаните и туристите се согласуваат дека токму занаетчиите се тие што му даваат топлина и автентичност на градот. Без нив, велат чаршијата ќе биде само камен, а не приказна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img