И дефинитивно ИКАС 2026, кој требаше да се одржи на 18-19 април, се одложи за септември. Ова денеска и официјално го потврдија од страна на организаторте на една од нашите најквалитетни спорстки манифестации.
Еве ги причините за одложувањето, според организаторот:
“ОФИЦИЈАЛНО СООПШТЕНИЕ
Организацискиот одбор на ИКАС информира дека 57-то издание на натпреварот, кое беше планирано да се одржи на 18–19 април 2026 година, се одложува и ќе се одржи во месец септември.
Одлуката е донесена поради технички причини, односно тековен ремонт на една од турбините на ХЕЦ Матка, што оневозможува обезбедување доволен и стабилен проток на вода на натпреварувачката патека, што е неопходно за безбедно и регуларно одвивање на натпреварот.
ИКАС и оваа година има статус на натпревар кој носи бодови за светската ранг-листа, со што останува значаен дел од меѓународниот спортски календар.
Дел од учесниците, екипите и техничките лица веќе имаа направено резервации за сместување и авионски билети, кои се одложуваат и се префрлаат за новиот термин во септември.
Организацискиот одбор, заедно со сите надлежни институции, ќе преземе сите потребни активности за во септември ИКАС да се одржи во уште подобри услови, со поголема масовност и поквалитетна организација.
Министерството за спорт и оваа година ја потврдува својата финансиска поддршка за реализација на ИКАС“.








