Home » Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

Одрони на патот Делчево – Македонска Каменица

by Журнал.мк

Одрони утрово има на патот Делчево – Македонска Каменица кај месноста Баткова Чешма на околу седум километри од Делчево. Од „Македонија Пат“ апелираат на внимателно движење долж овој патен правец.

Врнежливото време во комбинација со теренот знае да предизвика вакви појави бидејќи се работи за подрачје кое има склоност на вакви појави. Затоа апелот е да се вози внимателно со почитување на сообраќајната сигнализација и приспособување на брзината, информираа од „Македонија Пат“.

Поради интензивниот дожд утрово во Пијанечко-Малешевскиот регион се вози по влажни коловози.

Од АМСМ информираат дека на останатите патишта сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More