домаМакедонијаОд полноќ нов режим на патарините: М-Таг лентите ќе бидат резервирани само...

Од полноќ нов режим на патарините: М-Таг лентите ќе бидат резервирани само за електронска наплата

- Advertisement -spot_img

Од полноќ, на 15 јуни 2026 година, стапуваат во сила измените во системот за наплата на патарините, со кои лентите означени за М-Tag ќе бидат наменети исклучиво за возила што користат електронски тагови за плаќање.

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) повторно апелираат до возачите внимателно да ги следат електронските информативни табли пред и на самите наплатни станици и навреме да ја изберат соодветната лента според начинот на плаќање.

Според новите правила, лентите на патарините ќе бидат јасно поделени на:

наплата со М-Tag,
наплата со MCard,
наплата со готовина и MCard.

Со оваа измена се укинува можноста за плаќање со MCard во лентите предвидени за М-Tag. Корисниците на MCard ќе треба да ги користат останатите ленти кои се означени за таков вид наплата.

Од ЈПДП потсетуваат и на важноста од почитување на сообраќајната сигнализација на наплатните станици. Зелената стрелка означува дека лентата е отворена и активна, додека црвениот „икс“ означува дека лентата е затворена и не смее да се користи.

Надлежните предупредуваат дека неправилниот избор на лента и непочитувањето на поставената сигнализација може да предизвика непотребни застои, да ја намали ефикасноста на наплатата и да влијае врз безбедното одвивање на сообраќајот.

Со оваа мерка, ЈПДП има цел да обезбеди побрз проток на возила и поефикасно функционирање на системот за електронска наплата на патарините низ државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img