Општина Кочани ја објави програмата за одбележување на првата годишнина од трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“. Планираните содржини имаат духовен и комеморативен карактер. Ќе бидат застапени и настани од културата. Програмата започнува на 14 – ти и ќе се одвива до 16 март на различни локации.
На 14 март ќе се одржи богослужба во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани. Во 8 часот ќе има литургија за упокоените, а во 9,30 часот следува општ парастос. Во 10, 45 часот на Градските гробишта ќе биде одржан трикратен опело за жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“.
На 15 март се предвидени повеќе спортски и културни активности. Во 9 часот е предвидена рекреативна трка и велосипедска тура на релација Штип – Кочани во чест на загинатите 63 млади лица. Во исто време ќе започне и првиот меморијален планинарски марш „Ивона Антова и 63 ангели“, на релација на Пониква.
Истиот ден со почеток во 10 часот, во спортската сала кај Гимназијата во Кочани ќе се одржи кошаркарски турнир меѓу повредените во трагедијата.








