домаШоубизОбјавена причината за смртта на ѕвездата од „Паркот Јура“ и „Пијано“, Сем...

Објавена причината за смртта на ѕвездата од „Паркот Јура“ и „Пијано“, Сем Нил: Починал од пневмонија

- Advertisement -spot_img

Филип Гренц, менаџер на актерот од „Паркот Јура“ и „Пијано“, Сем Нил, открил дека починал по борба со пневмонија. Имал 78 години.
Тој додал дека Сем успешно се борел со лимфом пред болеста благодарение на новиот третман со CAR-T терапија. Сем открил во 2023 година дека му е дијагностициран ангиоимунобластен Т-клеточен лимфом, ретка форма на не-Хочкинов лимфом, а во април оваа година изјави дека е без рак. CAR-T терапијата е форма на имунотерапија базирана на Т-клетките на пациентот и се користи кај неколку видови рак на крвта.
Според неговиот менаџер, Сем снимил четири филмови во изминатата година кои треба да бидат објавени во наредните месеци.

https://www.instagram.com/p/DZKGnicEYvy/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=NTc4MTIwNjQ2YQ==

„Бидејќи Сем беше многу затворен човек кој не сакаше премногу внимание, неговото семејство ќе организира приватно збогување на неговата фарма во Нов Зеланд подоцна, кога ќе биде одреден датум“, рекол тој.
По неговата смрт следеа бројни пораки на збогување од филмската индустрија. Режисерот Таика Ваитити напишал дека Сем бил сакан и дека на сите многу ќе им недостасува, додека Стивен Спилберг рекол дека било прекрасно да се работи со него и дека екипата со која го снимал „Паркот Јура“ никогаш нема да го заборави.

Фото: Принтскрин/Instagram

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img