Со изведување на материјални докази од обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Досега на судењето беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството, а беа изведени и обдукциски наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините за смртта на жртвите, како и медицинска документација за повредените.








