домаЕкономијаНовите цени на горивата од полноќ повисоки за бензините пониски за дизелот

Новите цени на горивата од полноќ повисоки за бензините пониски за дизелот

- Advertisement -spot_img

Бензинот го натскокна дизелот. Од полноќ 95-ката ќе чини 100 и пол денари, а 98-ката 102 и пол. Двата вида бензини поскапуваат за три и пол денари, додека дизелот поевтинува за два денари и паѓа на 99 за литар.

Ова доаѓа откако Владата го намали ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти, мерка која ќе важи две недели. Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека без намалениот ДДВ и претходното кратење на акцизата, дизелот денес би бил за околу 11 денари поскап. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска признава дека кај приходите од акцизи има отстапување, иако вели дека вкупно буџетот се полни според планот, па сега во Министерството се пресметуваат дали дупката ќе ја покријат со прераспределба на пари или ќе мора повторно да се прави ребаланс.

За професорот Ванчо Узунов, проблемот не е само колку пари ќе влезат во државната каса, туку и каде тие се трошат. Тој смета дека, ако има притисок врз буџетот, Владата треба да скрати дел од расходите кои не се неопходни, наместо товарот повторно да заврши врз животниот стандард. Узунов вели дека мерките со кои Владата се обидува да го ублажи ударот од скапите горива се задоцнети и погрешно насочени.

Од СДСМ повторно ја обвинуваат Владата дека реагира предоцна и потсетуваат дека нивниот предлог бил ДДВ-то за горивата да се намали на пет проценти, заедно со дополнително намалување на давачките. Според опозицијата, половичните и задоцнети мерки нема да го запрат притисокот врз семејните буџети и растот на трошоците за живот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img