домаМакедонијаМуцунски-Рокас: Потврден заедничкиот интерес за поддршка на реформите и доследна примена на...

Муцунски-Рокас: Потврден заедничкиот интерес за поддршка на реформите и доследна примена на европските вредности и стандарди

- Advertisement -spot_img

Европската интеграција на земјата, реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан – процеси и инструменти кои директно влијаат врз економскиот развој и квалитетот на животот на граѓаните – биле во фокусот на средбата меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и евроамбасадорот Михалис Рокас.

-Попладнево во Скопје остварив средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадор Михалис Рокас. Го потврдивме заедничкиот интерес за натамошна поддршка на реформските процеси, јакнење на институционалните капацитети и доследна примена на европските вредности и стандарди, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.

Истакнувајќи ја јасната посветеност на Владата на овој процес, додава Муцунски, уште еднаш нагласив дека полноправното членство во Европската Унија останува наша стратешка определба.

-Изразив задоволство од редовниот и отворен политички дијалог со Европската Унија, како и од континуираната поддршка за реформските процеси во земјата, пишува Муцунски во својата објава, притоа додавајќи дека со евроамбасадорот размениле мислења и за актуелните случувања на европскиот континент, регионалната стабилност и придонесот на земјата кон пошироката европска безбедност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img