Изминатиот викенд, поточно во саботата попладне, маж бил пронајден починат во својот дом во Аеродром.
– На 12.09.2026 околу 13:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат В.М.(53). Од страна на лекар констатирана била смрт, информираа од полицијата во вчерашниот билтен.
Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.






