Четворицата осомничени за двете разбојништва со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров денеска повторно ќе бидат изведени пред судија. Основното јавно обвинителство Скопје ќе побара нов краткотраен притвор во траење од 48 часа, додека продолжува истрагата и прибирањето докази за двата случаи.
Од Обвинителството информираат дека се преземаат дополнителни истражни дејствија.
Четворицата осомничени – тројца скопјани и еден струмичанец за две кривични дела „разбојништво“ со смртна последица, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.
Апсењата беа реализирани во координација со Обвинителството, по претходно издадени наредби, со цел обезбедување и комплетирање на доказниот материјал за натамошната постапка.






