Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, се обрати преку својот профил на Фејсбук, реагирајќи на неоснованите тврдења на таканаречени „синдикални лидери“. Тој како вистинска дезинформација ја оцени информацијата дека изградбата на автопатот Охрид – Кичево ќе чини „милијарда евра“ и дека проектот никогаш нема да биде завршен. Николоски нагласи дека ваквите манипулации само создаваат заблуда и паника во јавноста, додавајќи дека автопатот ќе биде завршен навреме, спротивно на овие невистини.








