HomeМакедонијаСтрав од екстрадиција: Груевски предупредува и обвинува

Страв од екстрадиција: Груевски предупредува и обвинува

- Advertisement -spot_img

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во Будимпешта и е осуден во повеќе судски постапки во Северна Македонија, преку објава на социјалните мрежи упати серија обвинувања кон домашните институции, тврдејќи дека против него бил воден политички мотивиран прогон и дека судските процеси биле „монтирани“.

Реакцијата на Груевски доаѓа по јавните настапи на министерот за правда, Игор Филков, кој информираше дека се собира документација од судовите и се следат можностите за отворање постапка за екстрадиција, во зависност од политичките околности во Унгарија. Во објавата, Груевски го доведува во прашање легитимитетот на институционалните постапки, прашувајќи „кој е на власт“ и оценувајќи дека, според него, влијанијата од поранешната владејачка структура сè уште се присутни.

Тој упатува критики и кон поранешниот премиер Зоран Заев, обвинувајќи го за, како што наведува, системски злоупотреби на правосудниот систем

Груевски го повика министерот за правда да ги преиспита , како што ги нарекува, „неправдите“ во процесите што се воделе против него, вклучително и предметите поврзани со набавки, недвижности и насилство.

Во објавата се оспоруваат и конкретни пресуди, при што Груевски тврди дека доказите биле недоволни или погрешно интерпретирани, а дел од сведочењата, според него, биле изнудени. Дополнително, тој посочува на наводни притисоци врз адвокати и судии, како и на политичко влијание врз работата на поранешното Специјално јавно обвинителство, повикувајќи се на јавни настапи и сведоштва на поранешни функционери во правосудството.

Груевски во објавата наведува дека неговата правна ситуација често се перцепира низ призма на постоечките пресуди, без, како што вели, детално познавање на контекстот во кој тие биле донесени. Тој оценува дека странската јавност и политичари се водат од официјалните одлуки, но дека, според него, тие не ја одразуваат реалната состојба.

На крајот тој го предупредува министерот за правда Филков, дека „ако министерот не сака да стане дел од еден голема валкана игра од минатото, собирајќи ги предметите од судот за мене, не зависно што тогаш бил член ан СДСМ, нека се потруди и нека ги провери и овие работи, па потоа нека дејствува како што е праведно и воден од својата совест и законите“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img