Неждет Мустафа, заменик-министер за односи меѓу заедниците во Владата на Република Северна Македонија, престојуваше на 25 и 26 септември 2026 година во Ниш, на покана на Организацискиот одбор на Втората регионална конференција „Организирање на балканските Роми во 21 век“.
За време на престојот во Ниш, Мустафа присуствуваше на состанокот на Организацискиот одбор, на кој беа разгледани програмските и организациските активности поврзани со подготовката на Втората регионална конференција, како и можностите за унапредување на регионалната соработка и заедничкото дејствување со цел подобрување на положбата на Ромите на Балканот.
Во рамките на престојот во Ниш, на покана на претседателот на Организацискиот одбор Салих Саитовиќ имаше стрдба и со градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ.
Посетата претставуваше можност за продолжување на соработката меѓу институциите и ромските организации од Северна Македонија и Србија, како и за подготовка на идни регионални активности.
https://www.facebook.com/share/p/1LgHKrmPfm/






