домаМакедонијаНебото се отвори над Охрид: Невремето предизвика сериозни проблеми

Небото се отвори над Охрид: Невремето предизвика сериозни проблеми

- Advertisement -spot_img

Силно невреме проследено со поројни дождови попладнево ги погоди Охрид и Струга, предизвикувајќи прекини во снабдувањето со електрична енергија и поплавување на повеќе улици и сообраќајници.

Според неофицијални информации, причина за прекинот на струјата е дефект поврзан со електроенергетскиот систем на МЕПСО. Од компанијата засега нема официјална потврда, а се очекуваат дополнителни информации за обемот и причините за дефектот.

Во меѓувреме, поројниот дожд создаде проблеми низ повеќе делови од Охрид, каде што улици останаа под вода, а сообраќајот на одредени локации се одвива отежнато.

На терен интервенираат екипи на јавните претпријатија и службите на Општина Охрид, кои работат на отстранување на последиците и нормализирање на состојбата.

Граѓаните преку социјалните мрежи споделуваат фотографии и видеа од поплавени улици, додека надлежните апелираат на внимателност и следење на официјалните информации.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img