домаМакедонијаНародната банка, заедно со надлежните институции во соработка со ЕИБ, започнува изработка...

Народната банка, заедно со надлежните институции во соработка со ЕИБ, започнува изработка на Зелената национална таксономија

- Advertisement -spot_img

Во рамките на Програмата за зелени финансиски системи (Greening Financial Systems Programme), во соработка со Европската инвестициска банка, Народната банка, заедно со надлежните министерства и институции, ги започнуваат активностите за изработка на Зелената национална таксономија.

Зелената таксономија претставува национален систем за класификација на економските активности за кои се смета дека придонесуваат кон остварување на целите за заштита на животната средина (одржливи економски активности). Станува збор за регулатива чијашто основна цел е воспоставување јасни и научно засновани критериуми за класификација на економските активности во согласност со принципите на одржливиот развој и еколошките стандарди.

„Таксономијата им овозможува на инвеститорите, компаниите, банките и на носителите на економските политики да ги определат зелените активности и да ги насочат ресурсите за поддршка на преминот кон економија со ниска емисија на јаглерод. Воедно, таксономијата ја зголемува транспарентноста и го олеснува системот за објавување податоци поврзани со климатските промени, придонесува за спречување eколошка манипулација (англ. greenwashing) и го овозможува развивањето зелени финансиски инструменти”, посочи гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на средбата со Бјорн Габриел, шеф на претставништвото на ЕИБ во земјава.

„Со воспоставувањето заеднички јазик за носителите на политики, банките, компаниите и за инвеститорите, таксономијата ќе придонесе за поголема транспарентност и доследност во утврдувањето и финансирањето на активностите за „зазеленување”, изјави Габриел . „Тоа, пак, ќе помогне во привлекувањето инвестиции и ќе поттикне нови зелени финансиски производи, со што ќе се поддржат декарбонизацијата на индустријата и климатското приспособување на компаниите”, истакна Габриел.

Со изработката и со донесувањето на зелената таксономија на државата би се овозможило постепено усогласување на македонското законодавство со европската регулатива и со меѓународните стандарди и практики во оваа област, како и зголемување на транспарентноста за нивото на отпорност на економските сектори во однос на ризиците коишто произлегуваат од климатските промени. Планирано е Зелената таксономија да биде приспособена кон условите и спецификите на македонската економија и постепено да се усогласува со европското законодавство.

Оваа техничка помош се оствари во рамките на партнерството меѓу ЕИБ и Народната банка преку програмата „Зелени финансии”. Со програмата се обезбеди насочена обука и се воведе алатка „Управувач за климатски ризици”, овозможувајќи ѝ на централната банка да ги проценува климатските ризици и да ги поддржува финансиските институции во усогласувањето со меѓународните стандарди. Програмата е финансирана од Германија и Луксембург преку Фондот за зелено финансирање, кој претставува повеќедонаторски фонд основан од ЕИБ Глобал со цел придонес кон развојот на финансиски системи отпорни на климатските промени низ целиот свет.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img