домаХроникаНа Табановце запленети 64 илјади евра: Царината спречи обид за нелегален пренос...

На Табановце запленети 64 илјади евра: Царината спречи обид за нелегален пренос на девизи

- Advertisement -spot_img

Царински службеници на влез на граничниот премин Табановце спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд.

Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со образец издаден на влез во Република Србија. Поради сомневање во изјавата, царинските службеници заедно со полициски службеник на Фронтекс извршија детален претрес при што се пронајдени вкупно 124.250 евра. Согласно Законот за девизно работење на лицето му се вратени 60 илјади евра, а останатите се одземени.

Годинава се откриени вкупно 30 случаи на нелегален пренос на девизи, при што запленети се вкупно 820.675 евра, 141.300 британски фунти и 35 илјади австралиски долари.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img