Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека го склучиле договорот за изградба на нова поликлиника.
Тој овој договор го оцени како „историски миг“ за граѓаните на општина Бутел.
„Добиваме нова поликлиника која ќе овозможи подобро услови за давање на здравствена заштита. На граѓаните ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги.
Дополнително ќе има и РТГ кабинет со ехо, лабараторија и аптека, а ќе биде достапен и пункт за итна медицинска помош и ноќна служба“, посочи Костовски.
Тој додаде и новата поликлиника ќе се гради на местото на старата амбуланта.








