домаМакедонијаНа граничниот премин „Богорoдица“ долги колони возила за влез во Грција поради...

На граничниот премин „Богорoдица“ долги колони возила за влез во Грција поради новиот ЕЕС систем

- Advertisement -spot_img

Долги колони возила има на граничниот премин „Богородица“ со Грција. Граѓани кои одлучија да го проминат продолжениот викенд во соседството, до Тelma.com.mk испратија фотографии од граничниот премин. Тие велат дека повеќе од 40 минути колоната не се поместува, а возила има во сите 8 премини на границата..

Неофицијално им рекле дека „паднал ЕЕС системот“.

Чекањето на границата кон Грција се пролонгираше особено по воведувањето на новите европски правила за влез и излез..

Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисоходис денеска рече дека примената на овој систем ќе продолжи и покрај поплаките кои стигнале од други земји. За долгото чекање, објасни дека е поради самиот процес кој одзема време но и поради застарената грчка инфраструктура. На средбата на која се одржа во пресрет на летната сезона, а на која покрај Хрисоходис присуствуваа и претставници од други надлежни институции, решение за долгите чекања на границите не се понуди.

„ Знам дека има поплаки. Имам добиено поплаки и од моите колеги од Северна Македонија и Србија. Станува збор за прашање што има два аспекти. Првиот се однесува на новиот начин на влез во земјите на Европската Унија, т.н Entry-Exit систем. Многу ми е жал, но треба да ја имплементираме европската легислатива и, многу ми е жал, што сето ова во првата фаза предизвикува доцнење, кое не се должи на недостиг на персонал, а и да постои празно место дури и на еден полицаец, ќе се пополни. Но, проблемот, повторувам, е двоен: прво, процедурите што бараат некое време и не можеме да ги прескокнеме, бидејќи Европската комисија инсистира на целосна примена, што значи дека секој државјанин од трета земја, како и полицаецот што го контролира, треба да потроши неколку секунди или минути. А второ, за жал, како што веќе знаете, нашата инфраструктура, реално е застарена и треба обновување“, рече Хрисохоидис.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img