HomeМакедонијаНа Денот на Европа: ВЛЕН со 850 делегати на Конгрес го потврдува...

На Денот на Европа: ВЛЕН со 850 делегати на Конгрес го потврдува спојувањето на пет субјекти во една партија

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН најави дека на 9 мај, симболично на Денот на Европа, ќе го одржи Конгресот на обединување, на кој пет политички субјекти ќе се спојат во една заедничка политичка организација.

Од ВЛЕН посочуваат дека процесот на обединување е резултат на, како што велат, созреан политички момент и заедничка визија, со која коалицијата ќе настапи како единствена сила со заедничко име, раководство и мисија.

Според најавите, на Конгресот ќе учествуваат околу 850 делегати кои ќе го потврдат новиот правец на делување. Од коалицијата нагласуваат дека новоформираната структура ќе се темели на владеење на правото, нулта толеранција за корупција, независно судство, европска интеграција, партнерство со НАТО, како и заштита на семејството, традицијата и културниот идентитет.

„Од соработка преминуваме во целосно обединување. Ова е чекор со кој ветувањата пред граѓаните ги претвораме во политичка реалност“, наведуваат од ВЛЕН.

Воедно, од коалицијата оценуваат дека нивното обединување предизвикува загриженост кај политичките конкуренти, за кои велат дека своето делување го темелеле на поделби.

Со Конгресот на 9 мај, ВЛЕН најавува нова фаза на политичко делување, со цел, како што истакнуваат, да изградат посилна и пообединета политичка структура која ќе делува на поширок простор, од Липково до Струга.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img