домаМакедонијаНа 20-тата седница, ДИК донесе Упатство за гласање и одлуки за оперативна...

На 20-тата седница, ДИК донесе Упатство за гласање и одлуки за оперативна подготовка на изборите во Брвеница

- Advertisement -spot_img

Државната изборна комисија на ден 13.10.2026 година, ја одржа 20-тата седница, на која ги донесе потребните акти и одлуки за организација и спроведување на Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

На седницата, Комисијата едногласно го усвои Упатството за гласање на Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, со кое се утврдуваат правилата за гласање, начинот на остварување на правото на глас на изборниот ден, како и забранетите дејствија за време на гласањето.

Во рамки на оперативните подготовки за изборите, Комисијата донесе Одлука со која ги задолжи општинските изборни комисии Гази Баба, Тетово и Штип за спроведување на надлежностите од член 113 од Изборниот законик, кои се однесуваат на организирање и спроведување на гласањето за лицата во притвор или на издржување казна затвор. Исто така, согласно утврдените финансиско-трезорски процедури, Државната изборна комисија донесе и Одлука за доделување на авансни средства на вработените во Државната изборна комисија ангажирани за транспорт на доверлив изборен материјал и печатен доверлив материјал за два изборни круга на 18.10.2026 година и 01.11.2026 година, вклучувајќи и средства за достава на апаратите за биометриска идентификација на гласачите (УБИГ).

Во рамки на седницата, ДИК одобри акредитација на набљудувачи од Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС и од Здружение за развој на општествено – социјални иновации „ВАКЕ УП“ – Скопје. Подготовките за одржување на Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница се одвиваат навремено во согласност со утврдените законски рокови предвидени во Роковникот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img