домаМакедонијаМВР ја пишува кривичната пријава за полицаецот насилник

МВР ја пишува кривичната пријава за полицаецот насилник

- Advertisement -spot_img

Двете момчиња од скопски Сарај кои во средата вечера беа нападнати и претепани од полициски службеници попладнево ќе бидат повикани во полиција за да извршат препознавање на припадниците на полицискиот тим кој брутално ги претепа таа вечер и со тоа ќе биде комплетирана кривичната пријава со која ќе биде опфатен најмалку еден полициски службеник а која најдоцна за 24 часа ќе биде доставена до Обвинителството, дознава Телма од извори во МВР.

На социјалните мрежи се рашири снимката од изживувањето и полициската бруталност врз двете момчиња, која што е целосно во иста насока со нивните изјави, дека откако биле извадени од возилото и врзани со лисици полицајците почнале да ги тепаат.

Неофицијално, станува збор за полициски тим од мешан етнички состав, а клучниот осомничен полицаец е Албанец, како и момчињата жртви со што се исклучува етничката припадност како мотив за употребата на физичка сила. Тие постапувале по дојава за транспорт на дрога од Тетово кон Скопје.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img