домаМакедонијаНумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте, одговорност од...

Нумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте, одговорност од Тошковски

- Advertisement -spot_img

Скандалот со договореното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност, изјави Александар Наумоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара. Скандалот со договреното пуштање на Ива Михаилова мора до крај да се расчисти, со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност. Не театар, повикување амбасадор, потерници и најави притвор, префрлање одговорност, спинови. Одговорност, од прв до последен. Панче Тошковски јавно изјави дека граница што е решето. А кој раководи со МВР и кој е надлежен да ја обезбеди таа граница? Тошковски“, рече тој.

Според Наумоски, јасно е дека Мицкоски го штити Тошковски.

„Така изгледа кругот на политичката заштита на ВМРО-ОКГ: Мицкоски го штити Тошковски, а Тошковски ја штити криминалната банда на власт. Правда нема. Никој не одговара, сите бегаат, најмногу бегаат преку граница. Затоа бараме оставка од Тошковски“, рече Наумоски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img