Смртнио билнас од поплавите и лизгање на земјиштето што вчера го погоди пограничниот регион меѓу Непал и Тибет во Кина се искачи на најмалку 162 загинати лица, додека спасувачките екипи трагаат по исчезнати, кои се бројат во стотици и чија судбина и понатаму останува непозната, јавуваат светските медиуми, повикувајќи се на информации на непалската полиција.
Според последните информации од полицијата, соопштени утрово, од загинатите, 64 се пронајдени низводно во области во округот Читван, додека други 26 во источниот регион Навалпараси. Меѓу стотиците исчезнати има и 28 полицицајци.
Читван, туристичко место, познато по сафари-турите во тамошната дождовна шума, е едно од местата кои се ставени во состојба на висока тревога поради зголемувањето на нивото на поплавите, пишува Би-би-си.
Спасувачките операции се отежнати на тибетанската страна од границата, поради неизвесните временски услови и оддалеченоста на областа, соопштија кинеските власти.
Како што се наведува, лизгањето на земјиштето што го погоди окригот Ѓиронг бо Тибет е длабоко речиси еден и пол метра, а неговата линија се протега на 2,5 километри од граничниот премин, што значително ги попречува последователните спасувачки напори, објави кинеската државна телевизина Си-си-ти-ви (CCTV).
„Областа се карактеризира со високи планини и длабоки долини, со концентирани области за слив на вода, поради што тековните врнежи од дожд би донеле значителна незивесност“, се вели во извештајот на кинеските власти.






