домаХроникаМалолетничка натепала врсничка пред сендвичара во Ѓорче, во Карпош малолетник натепан од...

Малолетничка натепала врсничка пред сендвичара во Ѓорче, во Карпош малолетник натепан од негов соученик

- Advertisement -spot_img

Врсничките насилства во Скопје никако да забават. По неодамна актуелниот случај на брутално претепаното 13-годишно момче на плоштадот „Делфина“ во Влае, во полициските билтени повторно се среќаваат пријави за насилство помеѓу малолетници.

Во текот на вчерашниот ден, од страна на родители, биле пријавени два посебни случаи на врсничко насилство во Ѓорче Петров и во Карпош.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 09:15 часот во СВР Скопје, М.П.(41) од Скопје пријавил дека претходниот ден околу 15:00 часот во сендвичарница на подрачјето на Ѓорче Петров, неговата малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка.  

Исто така, во 18:40 часот во СВР Скопје, И.Ј.(36) од Скопје пријавил дека на 19.10.2026 околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img